Концерт на „Галија“ во Македонска Филхармонија

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Македонската Филхармонија ќе се одржи концертот на групата „Галија“ со наслов „Акустично као некада“.

Првиот концерт во Скопје од страна на Авалон Продукција беше организиран во Куршумли Ан, на 28ми август, 1993та со Електрични Оргазам.


Вториот концерт требаше да биде на истото место, на 11ти септември, 1993та, со Галија.

Пред отворање на вратите, се споија небо и земја и одржувањето на концертот беше невозможно.


Концертот никогаш потоа не се одржа.
Не само што не се одржа, туку, верувале или не, добри 30 години, патиштата на Авалон и Галија во меѓувреме никогаш за ништо не се сретнаа?!

Но, нормално, секој отворен круг… мора да се затвори.
Време е за никогаш неодржаниот концерт на Галија!
И тоа… овој пат, премиерно во Скопје, проектот ,,Акустично као некада”, или, ако подобро сакате, проектот ,,Unplugged: Best of Галија”.
Што да се каже за Галија?
Еден од ретките бендови од регионов кој не само што има огромен број на одлични албуми и безвременски хитови, туку и во живо звучи добро како најдобрите светски бендови од тој тип! ,,Још увек сањам”, ,,Дигни руку”, ,,Да ли си спавала”, ,,Трубе”, ,,Корак до слободе”, ,,Када ме погледаш” се навистина легендарни песни и ќе биде огромно задоволство да ги слушнеме, заедно со уште многу други во акустична варијанта на Неша и осумчлената екипа.

 


Влезниците може да се набават онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од:
1.200 денари и
1.500 денари – ВИП.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …