Куп на македонска фотографија

Вечерва, со почеток во 19:00 часот во просториите на Градска галерија – Струмица ќе биде отворена изложбата Куп на македонска фотографија во организација на Национална фото унија.

На изложбата свои фотографии доставија над 70 фотографи со околу 1000 фотографии, од кои еминентна жири комисија во состав Александар Томовски (КМФ НФУ, Скопје), Мери Бошкоска (КМФ НФУ, Прилеп) и Марина Атанасовиќ (КМФ НФУ, Куманово) ги одбра најдобрите од нив.


На отворањето ќе бидат доделени златен, сребрен, бронзен медал и шест дипломи за поединечни фотографии во сите категории.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …