Трибина: „Детска книжевна продукција“ во КИЦ

Денес со почеток во 13:30 часот, во Културно Информативниот Центар во Скопје, во Салон – Империјал 1, ќе се одржи трибината со наслов „Детска книжевна продукција“.

Носител на проектот со работен наслов „Детска книжевна продукција“ е Ана Јовковска (научен истражувач, докторанд на културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ, магистер по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, писателка, ТВ-уредничка и специјалист за односи со јавност).


Говорници:
– проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска
– Ника Гавровска, авторка и уредничка во издавачка куќа „Гаврош“
– Бистра Георгиева, авторка

Проектот е замислен како тематско продолжение на панел-дикусијата „Книжевната сцена во современиот културен контекст“ со фокус на литературата за деца, акцентирање на важноста од едукативната компонента, педагошката функција на литературата и уметноста, развивање на креативноста кај децата и поттикнување на љубопитството преку читање во правец на развивање на критичко, иновативно размислување, како и следењето на современите светски текови на детската продукција во рамки на литературата и илустрацијата.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …