Сеќавање – 12 години без нашиот легендарен фолк пејач Гоце Арнаудов

Гоце Арнаудов бил роден во Струмица на 19 август 1954 година. Тој беше еден од најпопуларните македонски пејачи на фолклорна музика.

Гоце уште на десет годишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце во Македонија се вратил во 1993 година и за кратко време ги освоил симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествувал предизвикувал еуфорија, а на сите фестивали ги освојувал првите места.


Во 1994 година на Фолк фест – Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освоил сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. Гоце Арнаудов има напишано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години бил прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многупати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколкупати станал сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.

Во 2000 година, во својот роден град Струмица, Арнаудов направил концерт на стадионот каде пеел пред 10 илјади луѓе. Во родниот град му била доделена и наградата за пејач на деценијата, а бил прогласен за почесен граѓанин.


Починал од рак, на 6 декември 2011 година во болницата во Франција каде што се лекувал.

Во негова чест слушнете ја „Дали чекаш стара мајчице“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …