Том Џонс летоска на концерт во Дубровник

Легендарниот пејач Том Џонс пристигнува во Дубровник. Славниот Британец и носител на витешка титула Сер, која кралицата Елизабета му ја доделила во 2006. година, на 1. јули ќе настапи под Срџе, во рамките на програмата за одбележуавње на 70. години на Дубровничките летни игри.
Од „Стар Продукција“ која со градот Дубровник и Дубровничките летни игри ја доведуваат оваа мега ѕвезда на големиот јубилеј на игрите велат дека тоа ќе биде ексклузивен настап, за само 1.000 луќѓе колку ќе ги собере пред Дубровничката катедрала.
„Јутарњи лист“ пишува дека Том Џонс во Дубровник ќе пристигне ден порано и ќе се задржи уште еден ден после концертот за да го разгледа бисерот на Јадранот.
Меѓутоа, тој не е единствената ѕвезда која ќе ги увеличи 70.години на Дубровничките летни игри. Како што најавиле организаторите, на 1, август пред Дубровничката катедрала пристигнува и Ил Воло, оперска поп-тројка која ја чинат баритонот Ѓанлука Гинобле, двата тенори Пиеро Бароне и Игнацио Боскето, а биле договорени и настапи на Јуј Банг, Иво Погорелиќ, Лука Шулиќ како и Балетот на Марински театар.
Во текот на 47. дена на публиката ќе им бидат претставени 80. драмски, музички, балетски и други настани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …