(ФОТО) Неверојатни: 20. ретко видени фотографии од историјата

Ретки фотографии од минатото…
Неверојатни се приказните кои ни ги откриваат старите фотографии.
Голема е веројатноста да не сте виделе ниту една од овие фотографии, а секоја од нив фатила момент од минатото. Од оние шокантни, смешни, емотивни и неповторливи, уживајте во фотографиите кои носат печат на своето време.

Двајца храбри дросечачи покажале како се урива еден горостас во американски Портланд, 1915. година.


Пред револуцијата Иран бил земја каде жените исто така се облекувала слободно како на запад. Оваа фотографија настанала во 1960. година.

Луѓето отсекогаш ги носеле мечките во циркус, а ова шеговито семејство покажува како со мечка може да се лекува и болка во крстот. Фотографијата настанала во 1946. година во Романија.


Фотографијата ја прикажува Алис Лидел мало девојче коа послужило како инспирација за славниот роман „Алиса во земјата на чудата“ на Луис Керол.

Оваа фотографија од времето на Големата депресија ислустрира очај но и снаоѓање. Кога произведувачите на брашно дознале дека семејствата се толку сиромашни што немаат ниту за детска облека, туку мајките ја шијат од вреќи за брашно, на нив почнале да ставаат нови шари.


Најпознатиот светски генијалец е фотографиран со новинар на плажа во 1939. година, во ретките моменти на опуштање.

Пред ерата на масовно производство на парфеми во шишенца, имало апарати со парфеми. Оваа фотографија е настаната во 1952. година.

На еден од првите натпревари во убавина „Мис Универс 1954“, жештината и тремата „и удриле во глава“ на Мис на Нов Зеланд, која за време на фотографирањето се онесвестила.

Славниот поларен истражувач, Петер Фрауцхен,во 1947. позира со својата партнерка.

Оваа фотографија уловила неверојатен момент кога пилотот за тестирање, Џорџ Еирд ја загубил контролата над авионот и се исфрлил за да „спаси жива глава“.

Фотографијата од 1918. година прикажува воени електричари кои групно позираат.

Уште како дете бил замислен и необичен, а оваа фотографија го прикажува славниот писател Ернест Хемингвеј на риболов во 1904.

Пред модерните тестирања, проверките на спортската опрема биле многу поедноставни, но и побрутални. Ова е фотографија од 1912. година, настаната во склоп на тестирањето на кациги за рагби.

Играчите на екипите на Торонто Мепл Лифс и Чикаго Блек Хоукс бараат контактна леќа која ја загубил Џек Еванс во 1962. година.

Малечка Ескимка позира со својот миленик, млад хаски, во 1949.

Акробати извеле опасна и импресивна точка на Емпајар Стејт Билдинг во 1934.

Убава и веќе тогаш славна, италијанската глумица Софија Лорен во 1965. е фотогрфирана при посетата на Москва.

Идеите за примена на животните во терапијата за деца траат веќе долго, а ова е една од пионерските која вклучува малечки пајчиња и е настаната во 1956.

Неверојатната кула од луѓе е ипресивна фигура осмислена за церемонијата на отворање на Олимписките игри во Москва во 1980.

Славниот уметник Салвадор Дали ја бакнува раката на секс симболот, глумицата
Ракел Велч, во 1965.година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера Винодонија 2024 ќе се одржи на 13-ти и 14-ти …