site dimenzii

THE POPE IS COMING HOME: TIESTO КОНЕЧНО ВО СКОПЈЕ!

16-ти јуни, Стадион на АРМ

Почитувани пријатели,


Со огромно задоволство сакаме да ви најавиме дека најголемиот регионален настан на електронска музика ова лето ќе се случи во Скопје со најголемата и најконзистентна ѕвезда на електронската музика на сите времиња- TIESTO!

Тој доаѓа во Скопје на 16-ти јуни на стадионот на АРМ, поголем од било кога досега и неговиот настап е ексклузивен, ако се земе во предвид дека последниве неколку години настапува или во Америка или само на големи фестивали какви што се Ultra Music и Tomorrowland.


Мораме да признаеме дека за да го релизираме ова гостување ги искористивме емоциите на ТIESTO и Скопје коишто беа видливо искажани на неговите два настапа во наша организација пред околу 15 години, кога електронската музика не беше ни приближно популарна и масовно прифатена како што е сега.

На светската музичка сцена TIESTO важи за многу повеќе од диџеј и продуцент, статус што го заслужи уривајќи ги сите рекорди за секое негово издание. TIESTO е единствениот артист кој гордо и заслужено во последниве неколку години ги носи титулите, „The Pope of EDM“ и „The greatest DJ of all time“, според магазинот Mixmag, „No. 1 DJ“ според магазинот Rolling Stone и „The Godfather of EDM“ според Billboard.


Се разбира дека настапот на TIESTO ќе биде проследен со светска продукција, звук и светло и се разбира дека сме горди што македонската и регионалната публика ќе уживаат во многуте негови хитови, меѓу кои и: „The Business“, „The Motto“, „Don`t be shy“, „BOOM“, „Ritual“, „Secrets“ и уште многу други.

Влезниците за овој ексклузивен настан кој ќе биде со ограничен капацитет ќе бидат пуштени во продажба од утре, 18-ти февруари во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1.500 денари
ФАН ПИТ: 2.000 денари (само 1.000 влезници во продажба)
ВИП: 3.000 денари (само 300 влезници)

Now, let`s get down to business!

Ваша,

Авалон Продукција

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …