ПАЗАРИТЕ СЕ УШТЕ ПОЗЕЛЕНИ – ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА НА MOZZART ЗА ПОДЕЛБА НА ЕКОЛОШКИ ТОРБИ!

Овој пат биоразградливи торби беа поделени во Буњаковец

Пазарите низ Скопје овие денови стануваат уште позелени! Во Буњаковец продолжи големата акција за поделба на биоразградливи торби, која компанијата Mozzart ја започна веднаш штом стапи во сила обврската за наплата на најлонските кеси од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.


This image has an empty alt attribute; its file name is mozart-torbi.jpg

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа преку низа проекти посветува големо внимание на зачувување на животната средина и разубавување на нашата заедница, а преку оваа акција ќе сподели повеќе од 2.000 еко торби!


Овој пат,изненадување ги чекаше жителите од централното градско подрачје, кои тргнаа да пазаруваат на познатиот зелен пазар Буњаковец. Додека купуваа овошје, зеленчук, прехранбени производи,љубезните хостеси ги израдуваа со торби.

This image has an empty alt attribute; its file name is mozart-torbi-1.jpg


„Заштитата на животната средина и екологијата се еден од приоритетите во нашето општествено одговорно работење. Знаеме дека не е лесно да се променат навиките на луѓето, но доволно е секој од нас да покаже волја да направи мал чекор, како што е отстранување од секојдневна употреба на кесите кои и штетат на околината.

This image has an empty alt attribute; its file name is mozart-torbi-2.jpg

Платнените торби се одлична алтернатива и веруваме дека ќе придонесат за подигнување на свестa кај граѓаните за зачувување на животната средина“, нагласи Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси Mozzart.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …