Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ во МНТ

Во петок, 24 ноември 2023 година, во Македонскиот Народен Театар, со почеток од 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Момчето со пругасти пижами“.

Жива слика за војната и нејзините ужаси низ призма на интензивен психолошки судир на архетипни карактери кај едно нацистичко семејство во окупирана Полска. Длабоко скриени брачни тајни испреплетени со расизам, љубов и ксенофобија.


Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ се обидува да застане на браникот на колективната меморија на човештвото пред тоа да умре од цивилизациска деменција. Приказна за идиличен почеток на трагичниот крај.

„Кармата е загарантирана, а сегашноста никогаш не му простува на минатото“.


Влезници онлајн – https://mnt.mk/online/index.php?id=532 или на билетарата на МНТ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …