ЗАОКРУЖЕТЕ ГО 30 НОЕМВРИ – МЕГАден за МЕГАсреќа и „99 МЕГАСТАРС”

На 30 ноември среќата ќе биде насекаде! Токму таа, исто како и музиката, им дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата, а магија и радост на нашите животи. Затоа разгалете си ги очекувањата и подгответе се МЕГАквалитетно и МЕГАуникатно искуство со добра македонска музика и една поинаква, позабавна лотарија − Државна лотарија, којашто за вас ги овозможи Мегавин и „99 Мегастарс “!

За дружбата имаме неколку поводи затоа дојдете вооружени со насмевка и позитивна енергија, дојдете подготвени да си ги освежиме сеќавањата на најголемите домашни музички хитови од 1990-те и 2000-те години и да споделиме незаборавни моменти на среќа, забава, дарување…


Временската машина ќе ја возат Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а како звучеше македонската музика на времето ќе нѐ потсетат: Искра Трпева, Peace Brothers, Ластовица, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Атанасовска, Ламбе Алабаковски, Нови дечки, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Дуо Дис, Наде Талевска, Дарко Гроздановски, Александар Ристовски – Принц…

И тоа не е е сѐ, ако сонувате за БМВ автомобил или патување во Дубаи не заборавајте до 29 ноември да се регистрирате на megawin.мк, а веќе на 30 ноември на вашата среќа ќе се радува целата публика. Бидејќи среќата е единственото нешто кое се множи кога се дели!


Не заборавајте – дојдете на 30 ноември во СЦ „Јане Сандански” со почеток од 20:00 часот бидејќи на овој ден ќе се слави музиката, успехот, истрајноста… Ќе се одбележи најновата мегапобеда megawin.мк, новата визија, новиот симбол, една убава 15-годишнина, но и пишувањето на новите страници за уште 26 нови среќни приказни од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на мегавин”…

Влезници за оваа вечер нема во продажба, единствено што треба да се направи е да се посети страницата за регистрација каде имате можност и да си ја тестирате среќата. Пријавувањето е можно заклучно со 29 ноември, а веќе на 30 ноември истата и официјално ќе биде стартувана, односно на денот на големата „99 Мегастарс” журка. Регистрирај се на Мегавин и дојди на концерт!


За комплетно уживање за сите сетила освен бројните изненадувања и музичките гости, секако, во голема мера ќе придонесе и комплетно уредување во салата, а таму очекувајте бина со големина од 120 квадратни метри, повеќе од 100 квадратни метри ЛЕД екрани, „зелена соба” со сите изведувачи. Уреден ќе биде и надворешниот дел, односно просторот пред салата – инаку наменет за сите оние кои нема да бидат во можност да влезат внатре. Пред СЦ „Јане Сандански” ќе бидат поставени ЛЕД екрани и шатори каде бесплатно ќе се дели топол чај. Настанот ќе биде емитуван и на профилите на социјалните медиуми на Државна лотарија, како поддржувач на настанот.

Она што треба да го запомните е дека секој што ќе се регистрира до 29 ноември добива ЗАГАРАНТИРАН подарок, станува учесник во наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин” и воедно добива и влезница за концертот „99 Мегастарс” на 30 ноември, во СЦ „Јане Сандански” во Скопје, за кога е закажано и извлекувањето во живо на еден автомобил БМВ, 5 патувања за двајца во Дубаи, 10 гејминг лаптопи Леново и 10 iPhone 14 Pro.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …