Питер Фонда починал на 79-годишна возраст од рак на белите дробови. Актерот потекнува од актерско семејство. Тој е син на холивудската легенда Хенри Фонда, брат на Џејн Фонда и татко на Бриџит Фонда. Тој двапати беше номиниран за Оскар.
Тој има играно во повеќе од 125 остварувања и првпат а познат е по филмовите во 1960-тите во кои се здоби со репутација на контракултурна икона. Номинацијата за Оскар ја заслужи за сценариото за „Easyrider, 1969“, во кој глуми една од главните улоги со Денис Хуерп, кој го режираше ова култно дело.

Тој беше номиниран за Оскар и 30 години подоцна, овој пат за неговата улога во филмот „Златото на Ули“ во 1997. година. Го освои Златниот глобус за неговата улога во овој филм.
Со градењето на ликот на неконформистист, тој самиот се здобил со репутација како „проблематичен човек“ уште во млада возраст, слично на долгите мотоциклисти склони кон ексцеси и дроги од филмот „Голи во седло“ или „Диви ангели“ на Роџер Корман, снимен две години пред тоа.
Една деценија подоцна, тој глумел во голем број акциони филмови, се обидел како режисер и ја напишал автобиографијата „Не му кажувај на тато“ (1983).
Последните години тој се појави како остро критичар на политиката на Доналд Трамп кон мексиканските имигранти, правејќи филмови до неговите последни денови.
Неговиот последен филм „Последната целосна мерка“ имал премиера во 2019 година.