(ВИДЕО) ПО НЕГО СЕ ТАГУВА И ПОСЛЕ 12. ГОДИНИ: Тоше Проески КОНЕЧНО ќе ја добие својата ВЕЧНА КУЌА а еве како ќе изгледа!

„Вечниот дом“ на пејачот се наоѓа на гробиштата Гумење во Крушево, а скоро 12 години станува збор за импровизирана метална конструкција која е покриена и затворена со пластика и најлони!


На 16. октомври ќе се одбележи 16-годишнината од страшната несреќа во која животот го загуби еден од најдобрите гласови на Балканот, Тоше Проески.


„Вечниот дом“ на пејачот се наоѓа на гробиштата Гумење во Крушево, а скоро 12 години е импровизирана метална конструкција покриена и оградена со пластика и најлон, покриена со вештачка трева, додека просторот околу гробот е поплочен со бекатон плочи, кои се распаѓаат..


Но, конечно, општина Крушево издала јавен повик до компаниите за изградба на спомен обележјето.
Емисијата „360 степени“ на скопската телевизија Алсат-М ја објави анимацијата на концептуалниот дизајн на новиот „вечен дом“ на Тоше Проески, а дизајнот го направи архитектот Жарко Чаушевски


 

.Според информациите објавени Електронскиот систем за јавни набавки, изградбата треба да започне на 10. септември и да заврши до крајот на ноември.

Архитектот Чаушевски пред неколку години победил на конкурсот за уредување на гробот на Проески, но идејата не била реализирана, меѓу другото, затоа што објектот е поголем и поскап. Како што откриле прислушуваните разговори (бомбите), проектот тогаш подлежеше на политички пресметки од тогашната влада.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …