Светски познатиот руски уметнички колектив „Что делат“ се претстави на фестивалот КРИК во Скопје

Со задоволство ве известуваме дека синоќешното отворање на второто издание на КРИК фестивалот за критичка култура, во Музејот на современа уметност, помина во знакот на светски познатиот уметнички колектив „Что делат“ од Русија, кои ја презентираа својата работа, а Оксана Тимофеева, една од членовите, одржа воведно предавање.
Фестивалот го отвори министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој рече дека темата на фестивалот е одлично погодена, затоа што токму тоа се главните предизвици со кои сега се соочуваме како општество.
„Многу ни е интересно и благодарни сме што дојдовме во Македонија, која иако е мала земја, низ она што актуелно се случува тука, може непосредно да се следат трендовите на она што се случува во политиката на глобало ниво и тоа на еден многу кондензиран начин. Имате некои експлицитни трендови, кои можеби нема да се многу очигледни во Њујорк, но тие процеси во Македонија може веднаш да ги препознаете. Исто така сме благодарни што во овие тешки времиња се појави надеж, а тоа е Македонија, каде се променија односите на моќ и се надеваме дека нема да ја пропуштите шансата споредени со другите држави“, рече Дмитри Виленски, уметник.
Дел од фестивалот беше и музичкиот сет на Јана Коцевска.
Вечерва на програмата на фестивалот КРИК ќе се одржи разговор со локални и регионални куратори и критичари насловен „Светот околу нас – критичките ставови во регионот“

Фотографии: Ванчо Џамбаски


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …