(ФОТО) Поради аномалии во мозокот Роби Вилијамс откажува концертите…

Пејачот Роби Вилијамс во септември откажал неколку концерти после што седум дена минал на интензивна нега бидејќи лекарите му откриле аномалии на мозокот.
После концертот во Цирих, на 2. септември, британскиот пејач сфатил дека нешто не е во ред со него.Роби Вилијамс морал да откаже некои од концертите во септември, вклучувајќи ја и турнејата во Русија.
Се зборувало дека причината е бизарна, но сега вистината излегла на виделина и не е воопшто наивна. Лекарите му пронашле абнормалности во мозокот.
„Левата рака ми беше вкочанета и не можев да престанам да пуштам плунка и да имам главоболка. Имав проблеми со дишењето, не можев да дишам правилно“, изјавил Вилијамс.
Лекарите за време на истражувањето пронашле во неговиот мозок “нешто како крв”.
На уметникот му е пропишана една недела интензивно лекување, по што е вратен дома во Лос Анџелес. Роби признал дека е време да го преиспита својот став за животот и повнимателно да внимава на своето здравје.
Иако и понатаму не е познато во каква состојба е познатиот пејач, неговата сопруга, Ајда Филд, вели дека Роби одлично се чувствува и дека јогата и пилатесот му помогнуваат во опоравувањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Живеел во автомобил, чистел продавници поради болната мајка, а неговата девојка се самоубила: Тажна приказна за човекот кој го насмеа светот и чии цитати како пламен се шират по интернет

Актерот Џим Кери отворено зборувал за неговата борба со депресијата, но малкумина знаат какое е… …