Свечено доделени наградите 13 Ноември – Овие личности според градот Скопје најмногу придонеле за афирмација на градот Скопје и Македонија

Синоќа во Кинотека на Македонија, Градоначалничката Данела Арсовска свечено ги додели наградите 13 Ноември за 2023 година за личности кои со својата работа и ангажман придонеле за афирмација на градот Скопје и Македонија.

Добитници на наградата 13 Ноември годинава се:


Од областа на публицистиката

акад. Влада Урошевиќ


за романот „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени”

Од областа на образованието и воспитанието


проф.д-р Бона Бајрактарова

за севкупниот значаен придонес на полето на научно-истражувачката и публицистичка работа во Стоматологијата-особено во доменот на детската и превентивна стоматологија како и воведувањето на ефикасни превентивни методи што севкупно е придонес кон подобрување на оралното здравје, особено на младата популација на градот и пошироко

Од областа на образованието и воспитанието

прoф.д-р Соња Здравкова – Џепароска

за повеќе годишни достигнувања, признанија и придонеси во развојот на педагошката, воспитната и научната дејност, особено во доменот на уметничката едукација и унапредувањето на танцовата уметност во градот и надвор од границите на нашата земја

Од областа на културата

Благој Чоревски

за повеќе од 50 годишна творечка и општествена активност во доменот на творечкото воздигнување на градот Скопје, државата и пошироко

Од областа на науката

проф.д-р Елка Јачева –Улчар

за нејзиниот исклучителен творечки придонес на полето на лингвистиката и македонистиката

Од областа на уметноста

Ѓорѓи Цуцковски

поради неговиот исклучителен придонес за оперската уметност во нашата земја и надвор од нејзините граници

Од областа на здравствената заштита

проф.д-р Билјана Кузмановска

за долгогодишен придонес во унапредување на здравствената заштита во областа на анастезиологијата, реанимацијата и интензивното лекување во регионални и во интернационални размери, а особено и голем придонес во учеството на тимот кој работи на трансплатација на црниот дроб

Од областа на здравствената заштита

д-р Ирфан Ахмети

за долгогодишен придонес во унапредување на здравствената заштита и долгогодишен ангажман во областа на дијабетот и обезноста.

Од областа на хуманитарната активност

ДНК (музичко дуо)
Владимир Блажев – Панчо, Андреја Ѓорѓиески-Андреј

за повеќе од 20 годишен придонес преку одржување на бројни хуманитарни концерти

Од областа на хуманитарната активност

Елена Божиновска

за посебен придонес за правата на децата и младите од самохрани и еднородителски семејства и организирање на хуманитарни акции за помош на овие семејства.

Од областа на социологијата

Али Пајазити

за достигнувања во областа на социологијата како публицист, автор на повеќе книги и научен преведувач на повеќе дела.

Од областа на спортот

Атанас Костовски

за општествен придонес во развојот на спортскиот живот на Град Скопје во изминативе 65 години.

Од областа на спортот

СУГС Гимназија „Никола Карев”-Скопје

за освоеното прво место на Европското првенство во кошарка за средношколци 2023 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вмрежување за промена

Денес во Галерија Матица, со почеток во 18:00 часот, во организација на Волонтерски Центар – …