SSUCv3H4sIAAAAAAACA3VRy2oDMQz8FeHz0rT0lnvoAwKhPYYetLaSNfFai6XdJIT998p5QC+96THSjEYX16JE75YXF1MaRQtq5OyWL42jEJVLxOSWz3PjRFFHITGsZR6V9ta95o8l20utu6XbEA+JnA2NraXrKJ5Swkw8ipubB+ydMGnnsdBibWzeqP4Z+Wkc7in7c2U3+kKJ8Cpma63DUan0d2VTDMS3EMcQa+gmtt3Wf63K7Urua3VfcOiiL3GiUvNA4i1wH8I9aYkeQsSWlAR2iY++w6LguR9YYnUJjlE7UDopyFgKjzlQgPYM3dhjhopHb8oEeAeDGUtZBQJ7s1UAc4Adc4DoOQtMVMvw9wtPsLIXYJsIVpvv68AXGYehMnxu3my89GZk4/RU7XTN3dfbLlkE8lxXTfUVfLCvzvP8C1T5J37zAQAA

Тип 2 дијабетес може да се превенира: Преземете ги овие 5 важни чекори и намалете го ризикот!

Во очи на Светскиот ден на дијабетесот, и генерално во месецот ноември секоја година во светот интензивно се зборува за дијабетесот, како една од најраспростанетите здравствени состојби помеѓу светската популација со цел постојано да се подигнува свеста за сериозноста на состојбата на луѓето афектирани од дијабетес, за ризикот од развивање на тип 2 дијабетес, а најголем акцент се дава на превенцијата. Накратко, во светски рамки изразено во бројки, во 1980-тата година 108 милиони луѓе боледувале од дијабетес, а таа бројка рапидно се зголемува во наредните децении и во 2014-тата изнесува 422 милиони, тврди Светската здравствена организација.

Но постои една добра вест, а тоа е дека тип 2 дијабетс може да се превенира, одложи, и со тоа да се избегнат сериозни ризици по здравјето кај секој човек. Токму за ова разговараме д-р Даниела Мишоска Пендова, специјалист интернист, субцпецијалист ендокринолог, која вели дека постојат многу фактори на ризик за дијабетес тип 2 и причините зошто се развива се сложени. Животот со прекумерна тежина или дебелина значително го зголемува ризикот, но има многу други фактори, вклучувајќи ја возраста, начинот на живот и семејна историја односно генетските предиспозиции кои секако дека имаат влијание.


Преддијабетес – состојба која треба да се препознае

Исклучително е важно секој да биде информиран дека на секоја потврдена дијагноза на тип 2 дијабетес, и претходи состојба на преддијабетес за која многу луѓе не се ни свесни дека ја имаат. Преддијабетесот се карактеризира со минимално нарушени вредности на шеќерот во крвта, но без изразени симптоми, па затоа оваа состојба може само да се востанови преку крвна анализа. Според д-р Мишоска Пендова, без преземање на конкретни чекори преддијабетесот преминува во тип 2 дијабетес, и ако не се менаџира добро дијабетесот тип 2 може да доведе до сериозни здравствени компликации со последици како ослепување, болести на бубрезите, кардио-васкуларни заболувања, па се до срцев или мозочен удар, ампутација на долен екстремитет и др.  Истражувањата постојано покажуваат дека преземање на одредени чекори во поглед на прилагодувањето на дневната рутина на луѓето – вклучувајќи исхрана, физичка активност и постојано губење на тежината – може да биде ефективно во намалување на ризикот од развивање на тип 2 дијабетес за околу 50%.


5 важни чекори за превенција од тип 2 дијабетес:


  1. Внимавајте на вашата тежина

„Доколку обемот на вашата половина (струкот) е зголемен, или забележувате тенденција дека постојано се зголемува, имајте предвид дека тоа најчесто означува таложење маснотии околу органите во тој дел од телото, како црниот дроб и панкреасот. Ова може да доведе до состојба што се нарекува отпорност на инсулин, која се карактеризира со неправилно работење на инсулинот што го произведува вашето тело, а тоа ја зголемува шансата да имате висок шеќер во крвта“, вели д-р Мишоска Пендова. Според поновите истражувања ткн. здрав обем на половината кај жените се смета обем до 80см, додека за мажите 94см. Над овие мерења, веќе влегувате во зоната на зголемен ризик за развивање на преддијабетес и тип 2 дијабетес. Губењето дури и мала количина на тежина навистина може да направи разлика – истражувањата покажуваат дека губењето на 5% од телесната тежина може да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Губењето килограми може да биде навистина предизвик, особено во зрелите години, над +40, возраст во која луѓето се веќе многу склони кон преддијабетес, но затоа можете да побарате и поддршка. Можете да разговарате со вашиот матичен лекар за управување со тежината, да побарате упат до диететичар, да се советувате со нутриционист кој ќе ви направи план на исхраната, и секако, можеби и она што е најважно, да успеете да се придржувате до планот, за што ќе треба да поработите и на дисциплината.

  1. Јадете здраво

Не постои единствен начин на исхрана за луѓето со висок ризик од развој на дијабетес тип 2, но истражувањата покажуваат дека сéвкупната исхрана е поврзана со ризикот од развој на дијабетес тип 2, а одредени видови храна и пијалоци можат да бидат поврзани со поголем или помал ризик. Постојат повеќе типови на исхрана, односно диети за кои се смета дека можат да го намалат ризикот од тип 2 дијабетес, но сите се согласни дека здрава растителна храна треба да преовладува во секој оброк што значи конзумирање на многу зеленчук, со овошјето умерено, поголем внес на мешунки како грав, грашок, леќа и семиња како чиа, лен, сусам и др., наместо скробни намирници и житарки. Намалување на количината на јаглени хидрати што се консумираат и избирање поздрави опции како што се интегралните житарки е всушност првата насока што ќе ја добиете.

Controlling Diabetes – Carbohydrate Counting for Insulin Treatment – Idea, Concept and History of Diabetes and Health
  1. Физичката активност е задолжителна

Да се биде поактивен и да се движите повеќе е клучот за спречување на дијабетес тип 2, така што ова е одличен начин за почеток, советува д-р Мишоска Пендова. Оптимална минутажа која се препорачува за почеток е 150 минути неделно вежбање или движење со умерен интензитет, односно 5 пати во неделата по половина час. Ако сте „уседени“, започнете со „бебешки чекори“, а тоа подразбира пешачете повеќе, сите оддалечености кои можете да ги одите пешки, не ги одете со кола, наместо со лифт качувајте скали, особено користете ги викендите за во планина и др.  . Како што ќе се подобруваат вашата кондиција и самодоверба, ќе можете го интензивирате вашето вежбање.  Запомнете само, дисциплината и постојаноста се клучни.

  1. Откажете се од пушењето

Пушењето е поврзано со многу состојби, но можеби не знаете дека е исто така поврзано со поголем ризик од развој на тип 2 дијабетес, и може да го зголеми ризикот од компликации кај оние кои веќе живеат со оваа состојба. Престанувањето со пушењето може да биде најдоброто нешто што го правите за вашето здравје.

  1. Намалете го алкохолот

Како и пушењето, прекумерното пиење алкохол може да има многу импликации за целокупното здравје, но исто така е поврзано со зголемен ризик од дијабетес тип 2, па затоа е важно да бидете разумни за тоа колку пиете. Исто така е богат со калории, па може да ви отежне ако се обидувате да изгубите тежина.

Бидете запознаени со вашиот ризик од тип 2 дијабетес

Денес, во време на дигитализација и напредни технологии, како во сите сфери, така и во здравството, од сите потребни и потврдени информации не делат само неколку кликови. Па така, постои и платформа која ќе ви помогне да дознаете колкав е вашиот ризик од тип 2 дијабетес само со одговарање на неколку едноставни прашања на овој линк. Грижата за здравјето започнува од информираноста и знаењето кои ќе ви го трасираат патот кон поздрав живот и соодветна превенција од можни заболувања, како тип 2 дијабетес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …