Стручњаците советуваат: Вака најдобро ќе ги дезинфицирате ги кабините на автомобилите!

КАБИНАТА на автомобилот е едно од местата каде што е тешко да се задржи препораката за социјално дистанцирање,а што е со чистењето?

Помалку е повеќе
Оваа позната фраза е првиот совет на експертите од германскиот Институт „Роберт Кох“ (РКИ). Нивниот совет е да ја растоварите кабината колку што е можно повеќе од непотребни работи. Ова се однесува на разни украси, непотребни предмети, па дури и мириси.


Внимателно со средства за дезинфекција
Се разбира, РКИ советува и употреба на средства за дезинфекција, но со посебна претпазливост. Треба да се има предвид дека е многу веројатно дека некои средства за дезинфекција ќе оштетат одредени површини, како што се ткаенина на седиштата. Советот е прво да ги испробате на ненаметлива позиција, како што е самото дно на седиштето или на дното на кокпитот.

Сапун е доволно
Исто така, обичните детергенти за домаќинства можат да бидат многу корисни. Тие се помалку агресивни и не бараат многу испирање. И тие се многу ефикасни.
„Како и при миењето на рацете, сапунот е ефикасен затоа што го раствора заштитниот липиден слој на вирусот што го содржи нивниот генетски материјал“, објаснува д-р Јерг Ламберг од Фолксваген. Вирусот тогаш колабира како „кула од карти“, а бидејќи сапунот не е агресивен нема да се оштетат ниту пластичните површини. Доволно е, потоа, да се користи класичната грижа за кокпитот за автомобили.


Што да се чисти?
Логично, најважно е да се исчистат површините на кои најчесто се допираат рацете, кои ги вклучуваат, пред сè, воланот и рачката на менувачот, а потоа и контролите за вентилација, аудио системи и рачки на вратите.
Со сува мека крпа, треба да се избришат сите други површини, а екраните кои деновиве се повеќе се присутни во автомобилите со специјална течност за чистење.

И тоа не е сè
Како што напишавме порано, едно од најчистите места со кои редовно ги допираме рацете е пиштол за полнење гориво. Затоа, силно се советува да користите ракавици за еднократна употреба и, доколку не се достапни на бензинската пумпа, ќе послужи и хартиена крпа.


И секако, мијте ги рацете често, најмалку 20 секунди. Се разбира, хигиената и држењето дистанца остануваат клучни фактори во спречувањето на ширење на вирусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …