Светски познат басист починал од корона: После две недели на респиратор ја загубил битката со вирусот!

Басистот Метју Селигман, кој свирел со Дејвид Боуви на „Live Aid“ во 1985. година, починал од корорнарна вирусна инфекција на 65. годишна возраст.Тој се борел две недели со вирусот корона и бил на респиратор во болницата во Лондон, пренесува Daily Mail.
Тој се прославил во осумдесеттите и бил член на групите The Soft Boys и The Thompson Twins. Тој соработувал и со музичарот Томас Долби, кој ја потврдил неговата смрт и рекол дека бдеењето ќе биде на каналот во живо на You Tube, така што сите ќе се збогуваат со него.
„Метју сакаше да ги паметиме сите убави времиња со него и да има забава во негова чест“, рекол Долби.
Тој зад себе остави син, две ќерки и сопруга.
„Сите си заминуваат, но никој не очекуваше дека Метју ненадејно ќе нè напушти. Исклучително сум благодарен што правев музика со него. Тој беше, и секогаш ќе биде, одличен“, рекол неговиот колега Хитик од групата „Soft Boys“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …