Стручњаците потврдиле: Корона вирусот мутира – сега има осум слоеви!

Новите слоеви само малку се променети и нема разлика во смртноста…
Новиот коронавирус мутира исто како и другите вируси и сега има осум слоеви и циркулира низ целата планета, велат експертите.
„Добрата вест е дека мутациите не се повеќе смртоносни“, рекол Тревор Бедфорд, чија страница NextStrain.org го следи геномот на вирусот од сите делови на светот.
Експертите ги следат геномите на коронавирусот и откриваат видови што се појавиле откако вирусот за прв пат се префрлил од животно на човек на пазар во кинескиот град Вухан.
Нивните трудови “покажуваат како вирусот мигрира и се дели на слични, но нови подтипови“, пишува USA Today.


Новите слоеви се само малку се променети и нема разлика во смртноста, велат експертите.
Додека досега дешифрираните геноми даваат информации за тоа како може да се запре неговото ширење и дали помага да се држи дистанца помеѓу луѓето, а сè покажува дека тоа помага, тие не се ништо повеќе од скица, предупредуваат научниците.
Тие се согласуваат околу тоа дека останува да се открие уште многу, но микроскопските промени им помагаат да ја утврдат патогената патека низ човечката популација.


Екран

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …