(ВИДЕО) УЖАС – Спортисти завршиле во притвор: Полицаец пукал на олимпијци бидејќи не го почитувале полицискиот час!

На полицаецот му следи пријава за обид за убиство…
Сурферите, Рафаел Вилавиенцио и Ноа Мар МекГонагле се големи костарикански спортски ѕвезди.
Времето и брановите биле идеални за тренинг, но плажите во Костарика се затворени, а на сила е и полициски час.


Ова се само некои од мерките во оваа земја за да се спречи ширењето на корона вирусот. Двајцата сурфери кои сепак одлучиле да ги земат даските и да скокнат во морето, на крај завршиле во притвор, а Вилавиенцио, како што се гледа на снимката за малку ќе бил и убиен.
Полицаецот кој патролирал по плажата пукал во воздух, а кога Вилавиенцио не сакал да застане еден истрел упатил и кон самиот костарикански олимпиец во сурфање. На полицаецот му следи пријава за обид за убиство.

Г.О.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС“ во чест на Пикасо од Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе биде поставена во Хрватска

Керамика мултиплекс 2024, КЕРАМЕИКОН -ДРУШТВОТО НА КЕРАМИЧАРИ НА ХРВАТСКА Ви ја претставува изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ …