Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА СТРИП

Според пропозициите:

– Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;


– Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички.НАПОМЕНА: Доколку стрипот е во боја, препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично.

– Стриповите нема да бидат вратени. Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.


– Tемата на стрипот е слободна. Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.

– Учесниците кои што се во основно образование треба да се насочат кон своите основни училишта заради раширување на информацијата, организирано пријавување како и избор на тема за цртање.


– На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)

– Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса и држава од каде е авторот, е-маил како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.

– Стриповите од македонски автори треба да бидат на македонски јазик и кирилско писмо.

– Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на

изложбата на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција.

– Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена интернационална комисија која што ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:

• Прва награда, 300 ЕУР – ”Златен стрип”, изданија и диплома за прво место.

• Втора награда ”Сребрен стрип” и диплома за второ место.

• Трета награда,”Бронзен стрип” и диплома за трето место.

• Награда за најдобро сценарио, диплома.

• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.

• Други специјални награди.

Рокот за испраќање е до 10.08.2023 година.

Тие може да се испратат на

a) Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот)

Ул. Васил Ѓоргов, бр.78 ,1400 Велес, Република Македонија

б) Или преку Е-маил :stripkonkurs@gmail.comЗа повеќе информации заинтересираните може да се јават на  горенаведениот емаил и на веб страната www.stripcentar.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …