(ВИДЕО+ФОТО) ВИРАЛНА СНИМКА – Фотограф на Оскарите се сопнал, а Лејди Гага се обидела да му помогне

За време на доделувањето на Оскарите, еден фотограф поминал покрај Лејди Гага и се сопнал од нејзиниот фустан. Пејачката се изненадила, притрчала и му пришла да го праша дали е во ред.
Со оглед на тоа што, за жал, ретко која светска ѕвезда го прави ова, видеото привлече внимание на социјалните мрежи.


„Иако ова е мал знак на внимание, мора многу да му значи тоа што му пријде“, напишал еден корисник на Твитер.

This image has an empty alt attribute; its file name is gaga-i-fotoreporter.jpg
„Приземна жена, не глуми битна личност“, додал друг.



До последен момент не се знаеше дали Лејди Гага воопшто ќе се појави на Оскарите. Таа изведе скратена верзија на синглот „Hold My Hand“ од филмот „Top Gun: Maverick“, кој доби Оскар за најдобра песна.
Иако на црвениот тепих се појави со тешка шминка, на настапот се појави природно.

„Сите очекуваа голема продукција, но Лејди Гага докажа дека и треба само нејзиниот талент за да се истакне. Нема гламур, ова е сосема интимен настап“, е еден од коментарите.
На крајот од перформансот беше прикажана фотографија од починатиот режисер Тони Скот и Том Круз со зборовите: “In memorial Tony Scott”.

Фото: Принтскрин/Pagesix

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …