Поради продор на студена воздушна маса преку денот ќе дува засилен северен ветер, а од изутрина врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и во повисоките делови од Скопската котлина. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Во среда и четврток ќе настапи разведрување, ќе биде доста студено и утринските температури насекаде ќе се спуштат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -2 степена.
УХМР подготви временска прогноза за наредните 5. дена:
Денеска (вторник) ќе биде претпладне облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе се менуваат од дожд до снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките делови од Скопската котлина. Во пладневните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од -4 до 5, а дневните од 1 до 9 степени.
За утре (среда) се најавува наутро доста студено, преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринските тепмератури ќе се движат од -9 дп -2, а дневните од 0 до 12. степени.
За четврток утрото студено, преку денот сончево со умерена облачност поголема во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минимална температура: -9°C до -1°C. Максимална температура: 6°C до 13°C.
Во петок променливо облачно со умерен јужен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Врнежите преку ноќта понекаде во северните делови ќе преминуваат од дожд во снег. Минимална температура: 1°C до 7°C.
Максимална температура: 9°C до 15°C
Во сабота ќе биде променливо облачно претпладне со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува. Минимална температура: 2°C до 7°C. Максимална температура: 6°C до 12°C.