Солидарност во фокус: Промоција на Прирачникот за Менторство

Во Националната Галерија на Македонија-Даут Пашин Амам во Скопје, на 21 ноември 2023 година, со почеток во 19:00 часот, во организација на Здружението за еднакви можности – Мрежа Стела, ќе се одржи промоцијата на Прирачникот за Менторство.

На овој настан, ќе го промовираме Прирачникот за Менторство, што го подготвија менторките Радмила Живановиќ и Ивана Маринчек Михајловиќ. Покажаната потреба за создавање на овој Прирачник за Менторирање е голем исчекор во афирмирањето на менторството како клучен дел од оснажнувањето на жените и девојките во нашето општество.


Дополнително, ќе имаме можност во неформална атмосфера да дискутираме за солидарноста помеѓу жените и поддршката на нивното учество во опшествениот, политичкиот и економскиот живот.

Настанот ќе биде проследен со коктел и музика од Диџејќите на Тииит.


Ве очекуваме!

Овaa иницијатива е дел од проектните активности фокусирани на „Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, проект кој го спроведуваме заедно со Националниот младински совет на Македонија. Проектот е финансиран од страна на Британската амбасада во Скопје, а целта е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …