СИТЕ ГО ОБОЖУВАЛЕ – ГО ОЖИВУВАЛЕ 40. МИНУТИ, МУ НЕМАЛО СПАС: Протекоа детали од несреќата во која загина познатиот актер! Имал проблеми со ДИШЕЊЕТО

Американскиот актер и комичар Лесли Џордан загина во понеделник наутро како последица на сообраќајна несреќа. Трагедијата се случила кога Џордан со својот автомобил удрил во ѕид од зграда во Холивуд.
Причината за смртта сè уште не е позната, но се појавија некои нови детали за неговата смрт.

This image has an empty alt attribute; its file name is ozivuvanje-na-slaven-glumec.jpg


Имено, очевидец се јавил во пожарна и рекол дека дошло до сообраќајна незгода во „Булеварот Норт Кахуенга“, а пожарникарите по доаѓањето на местото на настанот констатирале дека Џордан нема пулс и не дише. Тие брзо го извлекле од автомобилот и почнале со реанимација, која траела повеќе од 40 минути.
Пред неговата смрт, Лесли се борел со проблеми со дишењето и закажал состанок со кардиолог. Неколку обожаватели го виделе како излегува од аптеката со ќеса со лекови.
Џордан се прослави со серијата „Вил и Грејс“, а за улогата доби и награда Еми. Се појави и во некои други познати серии, меѓу другите во „Очајни домаќинки“ и „Американска хорор приказна“. За време на пандемијата, тој објавуваше различни видеа на TikTok и со тоа усреќи огромен број луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фестивал за современа музика МОДОАРС 2024

Започнува седумнаесеттото издание на Фестивалот за современа музика МОДОАРС. На отварањето на фестивалот МОДОАРС 2024 …