Најздрава намирница
Сите знаат колку е здрав лукот и дека е природен антибиотик, но дали знаевте дека овој зеленчук можете да го користите и за неколку необични работи.
Нега за коса
Лукот може да помогне при проблеми со опаѓање на косата, поради високото ниво на алицин што го содржи. Издробете неколку чешниња лук и со помош на ракавици втријте го во скалпот. Оставете да делува неколку минути, а потоа измијте ја косата со шампон, за да испари непријатниот мирис.
Нега на лице
Ако имате проблематична кожа, лукот може да ви помогне. Имено, неговите антиоксиданси ги уништуваат бактериите и ги сушат мозолчињата и акните. Затоа, втријте парче лук на акните и оставете да делува 20 минути.
Воспалено грло
Секако, како природен антибиотик, лукот го зајакнува имунолошкиот систем и ги намалува симптомите на настинка и грип. Исецкајте неколку чешниња лук и потопете ги во топла вода. Потоа процедете и испијте ја течноста во голтки. Ова ќе ги ублажи болките во грлото.
Природен лепак
Сигурно сте забележале дека лукот има тенденција да се лепи кога го сечете, што сте го почувствувале и на прстите. Токму затоа многу луѓе користат лук за да ги закрпат малите пукнатини во стаклото.
Топи лед
Во Америка, машините за чистење снег користат сол со лук за да го стопат мразот на патиштата. Исто така, оваа намирница може да помогне во отстранувањето на мразот на хаубата на автомобилот.
Градина
Градинарските растенија ќе останат неоштетени ако наместо пестициди користите мешавина од лук, вода и течен сапун.
Успешен риболов
Мирисот на лук привлекува риба. Затоа, премачкајте ја мамката со оваа намирница и сигурно ќе уловите повеќе риби.
Фото: Архива