Што во себе крие Huawei Mate 20 Pro – Телефон со екстремно „тенки“ рабови…

Многумина Huawei Mate 20 Pro го споредуваат со Samsung Galaxy Note 9, меѓутоа кинескиот телефон сепак има уште потенки рабови од најновиот и моментално најдобар телефон на Samsung…
Иако има уште околу еден месец од официјалното претставување на Huawei Mate 20 Pro, сепак секојдневно пристигнуваат разни гласини за новиот адут на кинеската компанија.
Деновиве се појави фотографија која што го прикажува прототипот на Huawei Mate 20 Pro и неговиот дизајн на предната страна.
Како што може да се види на фотографијата подолу, Huawei Mate 20 Pro ќе има закривен OLED екран на предната страна и ќе наликува на флегшип телефоните на Samsung. Сепак, од Huawei, концептот на телефон без „рабови“ го унапредија со уште поголемо намалување на дебелината на долниот дел од работ, односно со видливо намалување на целата предна површина.
Многумина Huawei Mate 20 Pro го споредуваат со Samsung Galaxy Note 9, меѓутоа кинескиот телефон сепак има уште потенки рабови од најновиот и моментално најдобар телефон на Samsung.


На предната страна, новиот Huawei Mate 20 Pro наводно ќе има камера од 24 мегапиксели и технологија за идентификација на лице. Покрај тоа, за зголемување на безбедноста на телефонот, тука е и скенерот за отпечатоци на прсти кој што ќе биде сместен под екранот.
Иако засега нема фотографии од задната страна на телефонот, според гласините, се смета дека ќе има квадратен модул за камери со заоблени рабови, каде што ќе бидат сместени три камери и dual-tone LED блиц.
Huawei Mate 20 Pro и официјално ќе биде претставен на 16.ти октомври во Лондон, а продажбата ќе стартува неколку седмици подоцна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …