(ФОТО) Оливија Њутн Џон неодамна прослави 40. години од филмот „Брилијантин“ а сега по трет пат ќе почне борба со ракот!

После 15. години мир Оливија Њутн Џон ќе мора повторно да се соочи со борбата со „подмолниот непријател“.

Ѕвездата од мјузиклот „Брилијантин“, Оливија Њутн-Џон ќе мора по третпат да се лекува од рак на градите.


Австралиската глумица која е веќе на прагот од осмата деценија од животот изјави во интервју за австралискиот „Канал 7“ дека одбива болеста да ја нарекува „битка со ракот“.
„Наместо ’извојување битка’, претпочитам да го викам тоа ’повторна победа’. Битката потсетува на бесот кој многу и не ми се допаѓа. Јас повторно ќе извојувам победа“, изјави таа.


На четирикратната добитничка на Греми, првпат ракот и бил дијагностициран во 1992. година, а по ремисијата, таа повторно беше дијагностицирана во 2013. година.
После 15. години мир Оливија Њутн Џон ќе мора повторно да се соочи со борбата со „подмолниот непријател“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …