Промоција на новиот албум на ФИН Проект:„Re:vision“

На 15. септември 2018 год., со почеток во 20:00 часот во Музејот на современата уметност во Скопје, ФИН Проект ќе го промовираат својот нов албум „Re:vision”.
Албумот „Re:vision” како оригинален музички израз претставува фузија на електронска музика со призвуци на џез и world music и содржи шест композиции:Rising Thoughts, The Beginning, Vision, Mind Travel, Re:vision и Дај некој благослов.Продуцент и автор на музиката и аранжманите на сите композиции е Никола
Стојковски, кој воедно е одговорен и за програмирањето на електронските инструменти, а покрај него ФИН Проект се и: Александар Николовски (труба), Калина Велковска (вокал), Иван Петровски (гитара) и Филип Димишковски (клавијатури).


На промоцијата ФИН Проект ќе изведат две композиции од албумот, а ќе биде промовиран и видео записот за песната „Дај некој благослов“, која како сингл изминативе два месеца високо котираше на топ-листите на македонските радио-станици, но и на неколку европски радио-станици. На оваа композиција гостуваат Васко Атанасоски (Бернајс пропаганда), како вокал и автор на текстот и Тена Рак – вокал. Видео записот е компилација на сцени од филмот „Малиот бог на љубовта“ на црногорскиот режисер Жељко Шошиќ со Никола Ристановски и Нина Виолиќ во главните улоги.
Албумот „Re:vision”, кој е снимен во студиото ФИН Проект во Скопје, е издаден со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
ФИН Проект е присутен на македонската музичка сцена од 2012 година и нивниот музички концепт нуди поинаков и современ синергиски пристап изразен преку електронски аранжмани во фузија со различни стилски изрази – lоunge звуци, фузија од world music, џез-рок и chill елементи. Досега имаат издадено три албуми: “Beats & Ornaments / Inside Macedonia”, Lithium Records, 2012; “The Sun is One”, Bagi communications, 2015 and “FIN Project – FIN Project”, Plur Rec – Ibiza, 2016.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …