И’ Eros Ramazzotti со концерт во Скопје!

Во рамките на својата светска турнеја „Vita ce n`e’“ која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, ЕROS RAMAZZOTTI ќе одржи концерт и’ во Скопје во ВИП Арената, на 30. септември 2019.година.
Нема потреба да се наведуваат епитети околу неговото име и кариера, доволно е само официјално да се објави дека ЕROS ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА!
Неговите концертни настапи се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп музиката. Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто EROS доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.


Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на ова исто место, утревечер во 21 часот.
Концертот на Еros Ramazzotti во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Sting, ако се земе во предвид капацитетот на салата.
Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Еros Ramazzotti во софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 03-ти октомври.
ВАЖНО: Влезниците за концертот на Еros Ramazzotti, ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот тикет систем на Авалон Продукција, кој го има на avalon.mk, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена утревечер со останатите информации.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …