Сеќавање: Седум години без нашиот истакнат перкусионист Зоран Маџиров

Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 година во Струмица. Тој пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Во Европа настапувал заедно со триото Les Barons Karamazoff, со кое реализирал два проекта: Historical recordings и Pytagora’s glasess and lute.

Го револуционаризирал концептот на соло-перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и на Моцарт. Со триото Les Barons Karamazoff настапил на Скопскиот фестивал 2000 година, каде ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши и останати необични инструменти. На 25 август 2000 година со својот квартет настапил на кумановскиот Летен џез фестивал.


За Музичката и касетна продукција при Македонска радио-телевизија кон крајот на 2000 година го објавува својот прв домашен компакт диск Home.

Починал на 9 мај 2017 година во Скопје.


 

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим

Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим Во времето на царот Констанс, синот на …