Сеќавање: На денешен ден во 2015 година почина нашиот писател, новинар и културен активист Мице Пашоевски

Мице Пашоевски е роден во Егејска Македонија во 1943 година. Тој беше македонски писател за деца и возрасни, кој целиот свој работен век го минал како новинар и културен активист.

Уште од мал соработувал со многу списанија а првата книга проза со наслов „Искушение” ја објавил во 1980 година. Оттогаш па наваму ги објавил книгите „Писмо”, „Препознавање”, „Враќање”, „Стапица”, „Снегулка”, „Вжарени искри”, „Приказни од животот”, „Анализа”, „Видовитата девојка”, „Не можам да ти простам двапати” и романот објавен во повеќе продолженија во весникот Нова Македонија, „Вториот живот на Ѓорѓи”. За печат ги имал подготвено и книгата со детски песни „Кажи златно сонце” и драматизираната детска сказна „Дедо Мраз со внуците кај нас”. За потребите на аматерските театри во земјава ги има драматизирано романите „Ајдучка чешма” од Видое Подгорец, „Калеш Анѓа” од Стале Попов и детските сказни „Аловото цвеќенце”, „Снежана и седумте џуџиња” и „Свињарот”.


Пашоевски работел како дописник од Неготино и Демир Капија за “Нова Македонија” и “Вечер”, бил соработник на македонското радио, радио Скопје, а пишувал и за многу други весници.

Од 1963 година се ангажирал за развојот и збогатувањето на културно забавниот живот во Демир Капија и во населените места на општина Неготино. Тој бил еден од двајцата иницијатори за формирање на драмска секција во Демир Капија која подоцна прераснала во аматерски театар, носејќи го името на хероината Мирка Гинова.[1] Со уште неколкумина други покренал иницијатива за формирање на дом на култура во Демир Капија со истоименото име, во кој функционираат театарот и културното уметничко друштво. Таму и самиот работел неколку години, а домот е еден од најактивните во државата. Пашоевски и по пензионирањето дал придонес во културното живеење на Демир Капија. Бил драмски глумец,но и режисер. За своите активности ги има добиено и највисоките општински награди во Неготино и Демир Капија.


Починал во Демир Капија на 18 февруари 2015 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …