Сеќавање: на денешен ден пред две години почина нашиот поет, раскажувач и книжевен критичар Радован П. Цветковски

Радован П. Цветковски е роден на 3 септември 1931 година во во с. Сопотница, Демирхисарско. Тој беше истакнат македонски поет, раскажувач, книжевен критичар, писател за деца и млади и фолклорист.

Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво – Битола и на Друштвото на фолклористите на Македонија. исто така, бил член на Советот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија и еден од покренувачите на манифестацијата „Тумбе Кафе – кафе песна“ од 2011 година.


Соработувал со повеќе македонски и странски списанија и весници: „Современост“, „Нова Македонија“, „Литературен збор“, „Раст“, „Стожер“, „Современи дијалози“ итн.

Починал по кратко боледување на 23 јануари 2022 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …