На денешен ден е роден нашиот познат актер Никола Ристановски

Никола Ристановски е роден на 23 јануари 1969 година во Острава, Чешка. Тој е познат македонски театарски, филмски и телевизиски актер.

Ристановски на седум годишна возраст, со семејството се преселил во Тетово. Во средното училиште, членувал во драмската секција. Во тоа време, наговорен од професорката Нада Гешоска, тој учествувал на натпревар во Осиек, Хрватска на кој Ристановски и неговите колеги се претставиле со “Злосторство и казна” од Достоевски и ја освоиле првата награда на жири-комисијата, предводена од Фабијан Шоваговиќ. Воден од тој успех, Ристановски се определил да студира глума, но бил трипати одбиен на приемниот испит на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што паднал уште во првата година на студиите. Сепак, подоцна, уште како студент бил повикан да игра во една театарска претстава, што било признание за неговиот талент. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во 1993 година во класата на проф. Владимир Милчин.


По завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Ристановски станал дел на Македонскиот народен театар во 1994 година. Првата професионална претстава во Македонскиот народен театар му била “Жорж Данден”, во режија на Бранко Ставрев, по што следувала улогата во “Снежана и седумте џуџиња” на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски. Две години подоцна, Ристановски блеснал со улогата во култната претстава “Буре барут”.

Во текот на својата кариера, Ристановски играл во 41 претстава и во 15 филмови при што освоил 28 награди, со што тој е најнаградуваниот македонски глумец. Најмногу соработувал со Александар Поповски (10 претстави и 3 филма), а најмногу настапи имал во претставата “Буре барут” (над 150 настапи). Исто така, Ристановски имал богата кариера и во странство, каде што играл во популарните и наградувани претстави “Господа Глембаеви” и “Дервишот и смртта”. Во 2016 година, Ристановски настапил во филмот „Игла под прагот“ на црногорскиот режисер Иван Мариновиќ.


Добитник е на голем број награди и признанија, и тоа:

– Награда на ревијата Екран за најдобро глумечко остварување за улогата на Раскољников во претставата Злосторство и казна (1994);
– Награди за најдобро глумечко остварување на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински – Прилеп за улогите на: Управникот во претставата Бунт во домот за старци (1994);
– Награда за најдобро глумечко остварување за улогата во претставата „Дон Жуан“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп (2006);
– Награда „Златен ловоров венец“ за најдобро глумечко остварување за улогите во претставите „Дон Жуан“ и „Никаде никого немам“ на фестивалот МЕС Сараево (2006);
– Награда за најдобро глумечко остварување за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“ (Народно позориште Белград) на Стеријино позорје (2009),
– Награда за најдобар глумец на ИССТФ – Ријека, Хрватска за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“ (Народно позориште Белград), за истата претстава ги добил и наградите за најдобар глумец на „Ардалион“ Ужице (2009)
– Награда за најдобар глумец на Фестивал во Пожаревац, Србија.
– Награда за најдобар глумец на Меѓународниот фестивал на мали сцени (ISSTF) – Риека, Хрватска (2010)
– Наградата „Св.Ардалион“ на Театарскиот фестивал во Ужице, Србија (2010)
– Награда „Раша Плаовиќ“ – Белград, Србија (2009)
– Награда „Зоран Радмиловиќ“ на Фестивал во Заечар, Србија (2009)
– Награда „Зоранов БРК“ на Фестивал во Заечар, Србија (2009)
– Награда за најдобар глумец на Фестивалот „Стериино позорје“, Нови Сад, Србија (2009)
– Награда за најдобар глумец на Фестивалот „Петар Кочиќ“ – Бања Лука, Р.Српска/Босна и Херцеговина (2009)
– Награда за најдобар глумец на Фестивалот на БиХ драма – Зеница, Босна и Херцеговина (2009)
– Награда за најдобар глумец на Фестивалот „Јоаким Вујиќ“ – Крагуевац, Србија (2009)
– Награда за најдобар глумец на Фестивалот во Пожаревац, Србија (2009).
– Награда за високо глумечко остварување на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица (2012)[5] – Награда „Златен делфин“ за најдобар глумец во рамките на „Босфорскиот филмски фестивал“ во Истанбул (за улогата во филмот „Игла под прагот“).[4] – Награда за најдобра машка улога на фестивалот во Нови Сад за претставата “Народен непријател” (2022)
– Награда Гран при за најдобра машка улога во претставата “Народен непријател” (2022)
– Награда “Александар Лифка” на Фестивалот на европскиот филм Палиќ во Србија (2023)
– Награда “Борислав Станковиќ” на 43 Интернационален театарски фестивал “Борини позоришни дани” за најдобра машка улога за улогата на “др. Стокман” во претставата “Народен непријател” (2023)


Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Никола Ристановски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …