Сеќавање: на денешен ден почина нашиот писател Симон Дракул

Симон Дракул е роден во Лазарополе на 24 септември 1930 година. Тој беше македонски раскажувач, романописец, драмски автор, сценарист, историчар и преведувач.

Поради италијанската окупација, се школувал со прекини при што учел во Охрид и во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филозофски науки.


Работел во весниците „Млад борец“ и „Нова Македонија“, бил уредник во издавачката куќа „Кочо Рацин“ и директор на драмата во Македонскиот народен театар во Скопје. Исто така, бил член на редакцијата на списанието „Современост“, научен советник во Институтот за национална историја на Македонија и претседател на ДПМ чиј член бил од 1953 година.

Дракул најчесто обработува теми и мотиви од селскиот живот, а неговите дела се одликуваат со прекрасни пејзажи кои речиси секогаш се спротивставени на мачниот живот на луѓето.


Добитник е на наградите „Кирил Пејчиновиќ“ и „Рациново признание“

Подолу е дел од неговата библиографија;


Планините и далечините (раскази, 1953)
Витли во поројот (раскази, 1956)
И ѕвездите паѓаат сами (роман, 1957)
Белата Долина (роман, 1962)
Буни (триптих: повест, роман, драма, 1980)
Распаќа (раскази, 1985)
Архимандрит Анатолиј Зографски (монографија, 1988)
Или смрт, (тетралогија): Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место (1989),
Жедна месечина (роман, 1997),
Апостол војводата (монодрама, 1998)

Починал во Скопје на 11 јануари 1999 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …