Саем на креативни индустрии во Скопје и Битола

На 3 и 4 ноември во фоајето на киното „Синеплекс“ во Скопје ќе се одржува Саем на кретивни индустрии, под покровителство на Министерството за култура на РСМ.

Саемот на креативни индустрии е единствен настан каде што на едно место ќе се претстават различни гранки од креативните индустрии, во еден изложбен простор со цел да, да се поттикне домашната креативност, да се прикажат оригинални идеи и сиот потенцијал на креативните индустрии на јавноста. Саемот е осмислен како изложба за креативниот сектор проследена со работилници, настапи во живо, галериско изложување и централна изложба. Соединувањето на цела инфраструктура сочинета од дизајнери, уметници и водечки организации е иницијатива која има за цел да го подигне профилот на креативниот сектор, да ги поврзе организациите кои имаат заеднички интерес во креативните индустрии. Настанот ќе ги обедини сите креативци без оглед од кој сегмент на креативните индустрии доаѓаат.


This image has an empty alt attribute; its file name is saem-na-kreativni-industrii_kocka-format.jpg

Спојот на креативните индустрии, бизнисите од истата област, образованието и младата работна сила се од витално значење за здраво креативно општество. Саемот ќе придонесе и за популаризација на креативните индустрии и нивно акцентирање, можностите за работа што ги нудат како и вмрежувањето на поединци и асоцијации.


Во двата саемски денови во Скопје ќе изложуваат 40-тина компании, асоцијации, институции и поединци. Бидејќи станува збор за изложба на повеќе сегменти од креативните индустрии, саемот е поделен на повеќе сегменти според блискоста на креативните индустрии од кои некои комбинираат две и три гранки од креативните индустрии како мода и уметност, архитектура и софтвер итн. На саемот ќе можат да се поиграат видео игри созададени во нашата земја, да се погледнат анимирани филмови, макети од познати филмски сцени, скулптури од метал, 3Д принтани фигури, уникатни литературни изданија за деца, да се вкусат гастрономски уникатни производи, да се посетат филмски проекции и многу повеќе.

Работното време е од 10 до 19 часот.


Саемот за креативни индустрии се организира во два дела, од кои вториот ќе се одржи во Битола на 23 ноември во Офицерскиот дом и киното „Манаки“.

Настанот е организиран од страна на Здружението „Балкан синема ситис“ во соработка со киното „Синеплекс“ и Културен и информативен центар – Битола, поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …