Нејзиното изведување на стомачен танц е нешто што не се гледа често.
View this post on Instagram
Наташа Короткина неодамна во емисија на хрватската телевизија ги покажала своите магични танцувачки способности, а нејзиниот одличен настап ја воодушевил публиката.
„Одлична изведба“, „Уникатен танц“, „Многу добро танцуваш“, „Убава и конечно талентирана“, „Таа ме воодушеви со нејзината убавина и изведба“, „Занемен сум“, „Ова, луѓе, е чудо“, коментираат на Инстаграм каде Наташа по настапот напишала: „Супержена на Суперталент. Се надевам дека уживавте“.
Наташа е професионална танчерка. Динамична и самоуверена на сцената, но срамежлива зад камерите. Танцот за неа е и работа и хоби и утеха после се’ што доживеала.
View this post on Instagram
„Мислам дека живеам живот од соништата затоа што многу танцувам, учам, се развивам. Многу нешта ми се сменија по почетокот на војната. Многу е тешко да се зборува за војната, многу е тешко да се објасни, па дури и да се замисли тоа. Во реалниот живот, јас сум обична личност, но кога ќе застанам на сцената, можам да направам се. Денеска ќе покажам нешто поинакво, нешто што луѓето сè уште не го виделе“, рекла таа пред да излезе на сцената.
Наташа е многу популарна и на Инстаграм, каде ја следат околу 45 илјади луѓе и каде јавноста може да ужива и во нејзините танцувачки вештини.
Наташа побегнала со родителите од завојуваниот Мариупол. Таа со себе ги зела кучето и мачката, ги зела нејзините костими и побегнала од елементите на војната. Таа започнала нов живот во Хрватска каде ги покажала своите танцувачки способности, пишува Dnevnik.hr.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram