(РЕЦЕПТ) ЗАЈАКНЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ: Моќна комбинација на протеини, здрави масти, витамини и минерали

Потребно е да јадете само една лажица секое утро
Сувото овошје е полно со хранливи материи, влакна, витамини и минерали, оревите се полни со протеини, омега 3 масни киселини и магнезиум, бадемите се исклучително богати со антиоксиданси, а семките од тиква содржат здрави масти кои имаат корисен ефект врз здравјето на срцето и коските. Комбинацијата од овие неверојатни природни намирници дава домашен лек за зајакнување на имунитетот. Се зема една лажица наутро, по можност на празен стомак, а комбинацијата на овие хранливи состојки ќе ве натера да го започнете денот полни со енергија. Пробајте го овој рецепт за бомба за имунитет и направете нешто вредно за вашето здравје и виталност.

Состојки:
30 гр ореви
30 гр бадеми
15 гр семки од тиква
25 гр суви кајсии
4 урми
25 гр суви брусница
сок од 1 портокал
200 мл врела вода


Подготовка: урмите, кајсиите и брусницата прелијте ги со 200 мл зовриена вода. Оставете ги да отстојат 15 минути, исплакнете ги и исцедете ги. Сите состојки ставете ги во блендер и додадете го сокот од портокал. Мешајте додека не добиете хомогена смеса, истурете во тегла и чувајте во фрижидер. Користете природен имунолошки засилувач во следните 10 дена.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …