Ретроспектива на еден од најголемите режисери на денешницата, Јан Кадар во Кинотека на Македонија

Во Кинотека на Македонија во тек е ретроспективата на еден од најголемите режисери на денешницата, Јан Кадар. Ретроспективата ќе трае се до 29 февруари.

Кадар е чехословачки филмски режисер кој можеби не е толку звучно име како Милош Форман или Јиржи Менцел, но е сестран филмски великан со импозантна и разновидна филмографија и живот, во кој (како и во неговите филмови) се вкрстуваат различни култури: чешка, словачка, унгарска, еврејска и американска.


Тој е особено битен за чехословачкиот филм, поточно, за новиот бран од почетокот на 1960-тите години, не само како филмски автор туку пред сè како филмски педагог. Јан Кадар беше професор на ФАМУ во Прага, каде им предаваше на повеќето режисери, зачетници на чехословачкиот нов бран.

Својата кариера ја започнува по Втората светска војна со неколку документарни кратки филмови. Во 1950 година го снима неговиот дебитански филм, комедијата „Катка“ (1950). Потоа следува извонредно плодната соработка со Елмар Клос, со кого ги прави неговите најдобри филмови. Јан Кадар емигрира во САД во 1968 година каде станува професор по филмска режија (а подоцна и декан) на Американскиот филмски институт во Беверли Хилс.


На ретроспективата ќе бидат прикажани пет филма што опфаќаат различни фази од творештво на режисерот. Тука се филмовите од извонредно плодната соработка со Елмар Клос. И покрај цензурата на комунистичка Чехословачка, тие успеават да направат бескомпромисни филмови кои храбро се справуваат со моралните дилеми на едно длабоко корумпирано општество, како во минатото така и во нивното современие.

Програмата што ќе се реализира е во соработка со Чешкиот филмски архив.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …