Paramore Tribute by Red18

Во петок, на 8 март 2024 година во клубот „Станица 26“, подгответе се за вечер полна со адреналин и носталгија. Скопскиот бенд Red18 преку музика ќе му оддадат почит на легендарниот бенд Paramore!

Фановите што присуствуваа на третото издание на Андерфест знаат колку добро си поминаа и сеуште го паметат трибјутот на Paramore  што дечките од сега Red18 а тогаш Decoy го отсвиреа на фестивалот. Овојпат Red18 се подготвени да отсвират незаборавен трибјут концерт, вдишувајќи нов живот во најдобрите хитови на Paramore. Од „Misery Business“ до „This Is Why“, подгответе се да пеете цела вечер!


Ова не е само концерт, ова е прослава на моќта на музиката на Paramore. Red18 носи свој талент и страст на сцената, создавајќи наелектризирана атмосфера што ќе ве држи на нозе од почеток до крај.

Без разлика дали сте hardcore фан на Paramore или едноставно сакате енергично шоу во живо, на овој трибјут присуството е задолжително!


Влезници само на врата по цена од 200 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …