Против Вајнштајн и’ трето обвинение: Може да добие и 25. години затвор!

Обвинителството во Њујорк соопштило дека против бившиот продуцент Харви Вјнштајн, кој е веќе осуден за силување и сексуално злоставување на две жени, е покренато уште едно обвинение за злоставување на трета жена.
Новото обвинение се однесува на „присилен сексуален чин“ во 2006. година и за тоа дело е можно да добие до десет години затвор, навело обвинителството, кое потсетило дека првите две обвиненија се однесуваат на дела направени во 2013. и 2014. година.
Засега не се знаат други детали, додека обвинителството само навело дека обвинението е „резултат на храброста на жртвите“ дека повеќе не молчат.
Скандалот за сексуалното злоставување на некогаш влијателниот холивудски продуцент покренал бран од откривање на други слични афери во светот на шоу бизнисот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 11 години без нашиот легендарен флејтист Никола Атанасов

Никола Атанасов е роден во Просечен, Драмско, Егејска Македонија во 1939 година. Тој беше македонски …