Принцот Хари не е среќен поради новиот прекар!

Принцот Хари и Меган Маркле сега и’ официјално се војвода и војвотка од Сасекс. Иако добиле нови титули, тие зад затворените врати се истите Хари и Меган.
И’ додека е познато дека Хари сопругата ја вика Мег, бившата глуица од серијата „Suitѕ“ на венчавката открила дека на Хари му се обраќа со „мој принцу“,пишува британски The Sun.


Но, се чини дека војводата има и друг прекар кој го добил од пријателите на сопругата Меган Маркл, како што пишуваат американските медиуми, а тој не бил многу среќен поради тоа.
Бајрони Гордон, пријателка на Меган, на Хари му го дала прекарот Хаза, што Хари го потсетило на име кое обично го добиваат домашните миленици.
Бајрони, на јавност исто така и открила како изгледа дружењето со кралскиот пар зад затворени врати.
„Да минуваш време со Хари е како со пријател да седиш на кауч и пиеш чај“, рекла таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …