(ВИДЕО) Играта на љубопитното куче и делфин ќе ви измами насмевка!

Делфините се неверојатно забавни и љубопитни суштества, токму како и кучињата. Па кога тие двајца ќе се сретнат и спријателат нема ништо послатко од тоа…
Тригодишната Луси обожува да се вози со брод, а нејзиниот сопственик првпат ја водел на истражување на морето кога имала шест месеци.
Мешанката на ротвајлер и хаски е љубител на брановите, но и на едно морско животно со кое остварила пријателство.
Станува збор за делфин кој го има прекарот Гус, со кого Луси сака да се дружи и подготвена е секој ден да му оди на посета.
Сопственичката на ова преубаво куче со камера го забележала нивното прекрасно дружење, а на снимката можеме да видиме како кучето и делфинот скоро се допират со носовите и уживаат во меѓусебното друштво.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …