(ФОТО) Џенифер Лопез во впечатлив костум покажала нов прстен: Дали се свршила?

Глумецот Бен Афлек и подарил розов прстен со „Harry Winston“ дијамант од 6,1 карати. Но, го надминал пејачот Марк Антони со син „Neil Lane“ дијамант од 8.5 карати…

Денот на независноста на САД, 4. јули, Џеј Ло го поминала во околината на Хемптонс заедно со Алекс и децата.48.годишната пејачка уживала на плажа покрај својот сакан, облечена во розово монокини, со природна коса и шешир.Но, освен нејзината секси фигура, она што на сите им „паднало во очи“ бил нејзиниот прстен на раката, па со тоа поттикнала гласини за свршувачка.


It’s the lil quiet moments that matter the most…💕

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


На фотката која ја објавила на Инстаграм, таа лежи на песок, потпрена на Алекс, а на нејзината рака јасно се гледа прстенот.
Џеј Ло често носи впечатливи прстени, но секако овојпат го привлекла вниманието со тоа што и’ бил ставен на „вереничкиот прст“.


Обожавателите на Џенифер Лопез веднаш почнале со коментарите по социјалните мрежи дека Алекс сигурно клекнал пред Џенифер. На гласините неодамна им „помогнала“ и Џенифер со песната „El Anillo“, во превод „Прстен“ која пејачката ја објави пред еден месец.
Џенифер во текстот на песната од својот партнер бара да ја зпроси. Кога неодамна гостувала кај Џими Фалон објаснила дека воопшто не размислува за свршувачка и, ако некогаш се сврши, на водителот прв ќе му ги каже среќните вести.

„Тоа е само песна“ рекла Џенифер.
Голем број луѓе смета дека прстенот е премногу едноставен за „запросување“ на Џенифер. Во неколкуте свршувачки пејачката имала големи и скапоцени прстени, а ова не е ниту приближно на тоа.
Глумецот Бен Афлек и подарил розов прстен со „Harry Winston“ дијамант од 6,1 карати. Но, го надминал пејачот Марк Антони со син „Neil Lane“ дијамант од 8.5 карати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …