(ФОТО) Нови проблеми во рајот: Посинокот на Лепа Брена и сопругата јавно се расправаат!

Во само две недели брак на двојката ова им е втора кавга во јавност. Неодамна имале гласен разговор“ за темата презиме бидејќи на Филип не му се допаднало што Александра кариерата ја продолжува со моминското презиме…
Иако пред две недели во Беград имале гламурозна свадба, српската пејачка Александра Пријовиќ (22) и посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ (33) веќе имаат сериозни несогласувања. Двојката прексиноќа, непосредно пред пејачката да излезе на сцената, разговарал на повисок тон не грижејќи се за околината, а дискусијата била на тема – дали ќе живеат во Србија или во САД.


Како што за „Блиц“ пренело едно момче од обебзедувањето, кој стоел само неколку метри од нив, Филип наводно инсистирал на тоа барем неколку месеци да го променат местото на живеење и да се преселат во Мајами каде би го продолжиле животот далеку од семејниот дом. Но, желба на Александра била сепак да остане во Србија.

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandra.prijovic__fp) on


Во само две недели ова е втора кавга за кој се распишувале медиумите. Имено, неодамна Живојиновиќ и пејачката имале подолг гласен разговор на темата презиме бидејќи нему не му се допаднало што таа кариерата ја продолжува со моминското презиме.


Иако прво најавиле дека немаат време за еден месец, и дека романтичното патување на некој егзотичен остров ќе го одложат за есен поради закажаните настапи на Александра, новопечениот брчен пар се предомислил па неодамна се вратиле од Монте Карло каде биле неколку дена.

Ljepotica❤🌎

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandra.prijovic__fp) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

80 години јубилеј на Национална установа- Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола

Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – …