Струшки вечери на поезијата: Промовирана антологијата „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)“

Tематската антологија „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)“, беше промовирана синоќа во рамки на „Струшките вечери на поезијата“, во Центарот за култура „Браќа Миладиновсци“ во Струга.
Антологијата содржи 250 песни од македонски и странски поети, а сите ги обединува врската со музиката.
Книгата ја приреди македонскиот поет, раскажувач, есеист, теоретичар и преведувач Владимир Мартиновски.
На корицата е дело од Димитар Кондовски.

This image has an empty alt attribute; its file name is Antologija-na-poezija-i-muzika.jpg
– Историјатот на фестивалот „Струшките вечери на поезијата“, чијашто химна, патем кажано, е токму „Т’га за југ“ е силно сведоштво дека и во современата (македонска и светска) поезија музиката останува неразделна од поетскиот чин. Песните на венценосците Окуџава, Ајги и Алберти, Енцесбергер, Адонис и Загајевски, Морехон, Атвуд и Ен Дафи, Сенгор, Конески и Гинзберг, Матевски, Пачеко и Ко Ун, Мервин, Симиќ и Ор, Левчев, Павловиќ и Транстромер, сè до поезијата на годинешниот лауреат Шунтаро Таникава, се најдобра поткрепа за аксиомата дека поезијата и музиката се „неразделни уметности“. Оттука, за да го доловиме присуството на музичкиот топос во современата македонска и светска поезија, доминантниот дел од лирскиот корпус на овој тематски избор од 250 песни го сочинуваат токму песни на добитниците на наградите „Златен венец” и „Браќа Миладиновци”, како и на голем број учесници на СВП. Се надевам дека овој тематски избор ќе го поттикне вашето љубопитство за големата, примордијална и вечно жива врска меѓу поезијата и музиката – истакна приредувачот Мартиновски.
Антологијата е приредена специјално за 61. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кои годинава се одржуваат под мотото „Ритамот на стихот, ритамот на животот“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …