(ФОТО) Мис која се натпреварува без шминка: „Нашите недостатоци нè прават она што сме“

СВЕТОТ е воодушевен од приказната за Мелиса Рауф, студентка која оди во финалето на изборот за Мис на Англија и се натпреварува без шминка. Мелиса ќе биде првата девојка во 94-годишната историја на натпреварувањето што ќе се натпреварува во финалето без шминка.
Мелиса (20) ги импресионирала судиите во Лондон за време на полуфиналето во понеделникот, откако излегла на модната писта без шминка на лицето. Приказната за неа ги воодушеви светските медиуми, а на CNN се појави текст за неа.

„Ми значи многу затоа што чувствувам дека многу девојки од различни возрасти се шминкаат затоа што се под притисок да го сторат тоа. Нашите маани не прават она што сме и тоа го прави секој поединец уникатен“, изјавила Мелиса за британски „Индипендент“.


Реагирале и организаторите
Како се случи натпреварувачката да се појави во финалето без шминка?
Одговорот делумно би можел да се сокрие во новата категорија на изборот за Мис на Англија, а тоа е Top Model Bare Face. Станува збор за категорија во која девојките се натпреваруваат без трошка шминка на лицето, а лентата се доделува само на една девојка. Нешто како категориите Miss Photogenic или Miss Cuteness.

View this post on Instagram

A post shared by Mel❤️ (@melisaraouf)


„Го воведовме изборот Bare Face Top Model 2019 година бидејќи повеќето од натпреварувачите испраќаа монтирани слики со многу шминка и сакавме да го видиме вистинското лице зад шминката“, изјавила Енџи Бисли, директорка на изборот за Мис на Англија, за Си-Ен-Ен.
Таа потврдила дека Мелиса на октомвриското финале ќе оди без шминка, додека сите други девојки ќе се шминкаат.
„И посакуваме многу среќа на Мис Англија, тоа е многу храбра работа кога сите останати се шминкаат. Таа навистина им испраќа важна порака на младите жени“, додала Бисли.

View this post on Instagram

A post shared by Mel❤️ (@melisaraouf)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …