Промоција на книгата „На крајот на патот“ од Марија Никодиноска

На 16 Февруари во малата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево ќе се одржи промоција на книгата „На крајот на патот“ од Марија Никодиноска со почеток од 19 часот.

Марија Никодиноска Лазареска има голем број на дипломи и признанија од разни манифестации, курсеви, обуки и сл. Еден од основачите на литературниот клуб Китка. Учествувала на голем број литературни манифестации и конкурси. Рецензент и промотор била на неколку романи, учествувала во заеднички збирки, алманаси, антологии итн. Исто така има издадено во 2019 година и своја книга која се вика “Огнени воздишки”, а оваа книга “На крајот на патот” е втора книга по ред. И двете книги се напишани со многу љубов, со срце и душа. Опеана е љубовта, животот, среќата и тагата. Ова е само почеток на нејзиното литературно творештво.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …