30-та изведба на театарската претстава „Мојот маж“

Утревечер во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете 30-та изведба на претставата „Мојот маж“. Колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози, во режија на Нела Витошевиќ.

Драматизација: Викторија Рангелова – Петровска и Нела Витошевиќ
Драматург: Викторија Рангелова – Петровска
Костимограф: Роза Трајчевска – Ристоска
Сценограф: Константин Трпеноски
Асистент сценограф: Моника Ангелевска
Избор на музика: Нела Витошевиќ
Тон – мајстор: Сашо Ѓорѓиев
Светло – мајстор: Дејан Блажевски
Дизајн на плакат: Борче Димитриоски
Фотограф: Кире Галевски


Улоги:
ИГОР АНГЕЛОВ
САЊА АРСОВСКА
САРА КЛИМОСКА
ИСМЕТ ШАБАНОВИЌ
НАТАЛИЈА ТЕОДОСИЕВА
ФИЛИП ТРАЈКОВИЌ
ЕМИЛИЈА МИЦЕВСКА ТРАЈКОВИЌ
ТРАЈАНКА ИЛИЕВА – ВЕЉИЌ

Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Жаклина Цветковска


Драмската структура на театарската претстава Мојот маж е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа, драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарениот материјал произлезен од авторските монолози. Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сеуште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото.

Играно-документарниот пристап, како жанровска определба и драматуршко режисерски концепт, е сеприсутен на европските театарски сцени, но е кревок/редок пример на македонската театарска сцена. Играно-документарниот пристап нуди едно сосема ново, поинакво театарско искуство, кое предизвикува силни емоции и соочување со себе и од себе, со себе кон другиот, од другиот кон себе. Тоа е редок колективен чин кој не е приземно сентиментален и патетичен, туку напротив длабоко е емпатичен и хуман. Присутноста на театарска спонтаност (кај актерот и гледачот) доведува до ослободување и отвара простор за различна театарска перспективност.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …