До сабота многу повеќе сонце – Од недела зголемување на облачноста, а во почетокот на следната седмица следуваат врнежи!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

До сабота во Македонија ќе имаме многу повеќе сонце, додека од недела се очекува постепено зголемување на облачноста. Што се однесува до температурите тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат не многу под нулата, односно за неколку степени под нулата.


Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека во југоисточните предели и тоа особено за време на викендот температурите би можеле да се искачат и малку над 15 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме стабилно, суво и сончево време додека во недела ќе има постепено зголемување на облачноста. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -1 и 4 степени, додека максималните дневни ќе се искачуват во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.


Од почетокот на следната седмица ќе започнат повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, додека температурите ќе бележат тенденција на опаѓање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …